shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички минимално поразен од Сигма Оломук

Работнички доживеа пораз од 1-0 од чешкиот прволигаш Сигма Оломук во петтиот пријателски натпревар на подготовките во Анталија. Стрелец на единствениот погодок за противникот беше Томаш Малец во 21.минута од средбата. Со овој дуел, заокружена е програмата на тест – мечеви на нашиот тим во турската база, а утре тимот се враќа во Македонија.

Работнички одигра квалитетно и на овој дуел, но, сепак, реализацијата не беше на вистинското ниво, а примениот беше индивидуална грешка на голманот Божиновски.

Тренерот Томислав Франц на овој натпревар настапи со следните фудбалери: Божиновски, Силјановски, Илиевски, Најдовски, Цикарски, Трајчевски, Најденов, Петровиќ, Суад Сахити, Маркоски, Алтипармаковски. Уште играа: Емир Сахити, Галиќ, Елмас, Ристовски, Јованоски, Шишковски.