shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Победа за Работнички над Алтин Асир

Работнички денеска одигра неофицијален пријателски натпревар со Алтин Асир, еден од најдобрите клубови од Туркменистан, на теренот на хотелскиот комплекс „Мирикл Ресорт“ во Анталија. Нашиот тим славеше со 2-0, со головите на Кире Маркоски во 11.минута и на Горан Силјановски во 30.минута од средбата.

Работнички беше поквалитетен ривал, наметна свое темпо од почетокот на овој меч, а првиот гол го постигна Кире Маркоски во 11.минута, откако се одлучи на удар од работ на шеснаесетникот. По водството, нашиот тим имаше уште неколку можности кои не беа искористени, а на 2-0 зголеми Горан Силјановски во 30.минута.

По еден класичен противнапад, по корнер за противникот, Силјановски успеа рутински да ја затресе противничката мрежа.

Тренерот Томислав Франц на денешниот неофицијален пријателски натпревар го изведе следниот тим: Божиновски, Силјановски, Ристевски, Илиевски, Петровиќ, Најденов, Трајчевски, Суад Сахити, Алтипармаковски, Илијоски, Маркоски. Уште играа: Шишковски, Најдовски, Емир Сахити, Херера, Ристовски, Галиќ, Јованоски, Пушкариќ, Елмас.