shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Анталија нуди одлични услови за работа (ФОТО)

Фудбалерите на Работнички под раководство на шефот на стручниот штаб Томислав Франц од денеска ја одработуваат втората фаза од зимските подготовки, со оглед дека тимот од вчера се наоѓа во турската база Анталија. Сместени во комплексот „Мирикл Ресорт“, нашите фудбалери имаат одлични услови за работа.

rabotnicki trening antalija 4

„Работнички веќе неколку сезони зимските подготовки ги реализира во Анталија. Знаеме дека овој туристички центар во Турција нуди одлични услови за реализација на планираната програма за работа. Сега ни преостанува да се подготвиме што е можно подобро за пролетните искушенија. Акцентот ќе биде ставен на техничко – тактичките воигрувања, но и на тестирање на формата преку пријателски натпревари“, вели тренерот Томислав Франц.

rabotnicki trening antalija 5

Темпото е засилено, се работи напорно, но фудбалерите одлично се прилагодуваат на принципите што ги наметнува стручниот штаб.