shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички пристигна во Анталија (ФОТО)

Експедицијата на ФК Работнички во попладневните часови пристигна во турската база Анталија, каде во наредните денови ќе биде реализирана втората фаза од зимските подготовки. Патувањето мина во најдобар ред, а фудбалерите и стручниот штаб се сместија во хотелот „Мирикл Ресорт“ кој ќе биде базата на нашиот тим во наредните десет дена. Од утре продолжуваат и тренинзите, зачинети и со пет пријателски натпревари кои Работнички ќе ги одигра во овој период.

antalija 1

„Имавме пријатен лет, експедицијата веќе се смести во хотелот „Мирикл Ресорт“ во Анталија и од утре почнуваат планираните активности. Договорени се петте меѓународни тестови и се тече според планот“, информира генералниот секретар на клубот, Ненад Монев.

antalija 8

Работнички на 24.јануари ќе одигра пријателски натпревар со Алтин Асир од Туркменистан, два дена подоцна ќе следи проверката на формата против унгарскиот Диосѓер, а на 28.јануари ќе биде одигран тест – меч против Б-тимот на Волфсбург. За 30.јануари е закажан тестот против романскиот прволигаш Волунтари, а на 2.февруари тимот ќе одигра пријателски натпревар и со чешкиот тим Сигма Оломук.