shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Цикарски се врати во тренажен ритам

Левиот бек Мите Цикарски ги надмина проблемите со повредата на ногата и од денеска повторно е во тренажен процес заедно со останатиот дел од екипата на Работнички. Тимот го одработи последниот тренинг пред утрешното заминување за Анталија, а Цикарски најавува дека многу брзо повторно ќе може да работи со максимален интензитет.

„Во изминатите неколку дена работев со намалено темпо, санирајќи ја незгодната повреда со терапии. Но, од денеска сум повторно во ритам и се надевам дека брзо ќе го надополнам загубеното. Ни претстојат десетдневните подготовки во турската база Анталија, каде се надевам дека без проблеми ќе тренирам со максимален интензитет и ќе ги одиграм пријателските натпревари“, вели Цикарски.

Утре експедицијата се сели во Анталија, Турција, каде ќе одигра пет меѓународни пријателски натпревари, и тоа против Алтин Асир (24 јануари), Диосѓер (26 јануари), Волфсбург Б-тим (28 јануари), Волунтари (30 јануари) и Сигма Оломук (2 февруари).