Со среќа Мрме, во нови успеси!
ФК Работнички со огромно задоволство му го честита потпишувањето на договорот со Фудбалската федерација на Македонија на нашиот досегашен тренер, Игор Ангеловски. ФК Работнички, и покрај тоа што губи еден извонреден стратег и педагог мора да изрази задоволство што токму тренерот кој поникна во нашите редови деновиве е избран за селектор на фудбалската репрезентација на Македонија. Горди сме што сме дел од неговиот спортски и професионален успех.
Познавајќи ги неговиот карактер, стручноста, како и желбата за напредок на колективот што го води, сигурни сме дека за некоја година ќе бидеме уште посреќни на успесите на Игор Ангеловски и уште погорди на себе што токму Работнички беше клубот што го препозна неговиот огромен тренерски и човечки капацитет.
Со среќа Мрме, во нови успеси!