shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Ангеловски: Уживав во нашата игра, штета што не победивме

Работнички одигра 1-1 против Вардар во соседското дерби кое овојпат се играше на стадионот во Велес. Иако актуелниот шампион прв поведе, Работнички ја имаше шансата за триумф, откако израмни со голот од пенал на Стефан Вујчиќ, а потоа истиот играч и не успеа да реализира втор удар од белата точка. Голманот на Вардар, Томе Пачовски, го одбрани вториот пенал за нашиот тим.

Но, тренерот Игор Ангеловски е задоволен од играта на фудбалерите, вели дека уживал, затоа што Вардар беше надигран во Велес.

„Им благодарам на фудбалерите за одличното издание, мора да признам дека уживав во играта на Работнички. Иако против себе го имавме квалитетниот состав на Вардар, одигравме на високо ниво, создадовме повеќе шанси, и единствено е штета што не победивме. Но, доколку вака продолжи да игра Работнички, сигурно ќе ги има симпатиите на вистинските љубители на фудбалот“, изјави Ангеловски.