shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Ангеловски: Со предност да го завршиме првиот меч со Силекс

Продолжувајќи ја трката во најмосовното домашно клупско натпреварување, Работнички утре од 13 часот во Велес против Силекс го игра првиот натпревар од четвртфиналето во Купот на Македонија.

Тим менаџерот, Игор Ангеловски оптимистички ја очекува утрешната прва пресметка со Силекс, и покрај тоа што дуелот нема да се игра на арената „Филип Втори“.

„Мора да играме во Велес, поради неможноста за настап на ’Филип Втори’ и зафатеноста на останатите терени во Скопје. Но, тоа секако не ја намалува воопшто определбата кај нас да дојдеме до позитивен резултат и со предност да ги завршиме првите 90 минути од двомечот со Силекс. Факт е дека ќе биде тежок, цврст, дуел. Свесни сме дека и кратовци посакуваат пласман понатаму, но имаме доволно и квалитет и сили да дојдеме до победа, и доволна предност за нешто порастоварено очекување на реваншот“ – вели Ангеловски.