shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Куп-натпреварот против Силекс ќе се игра во Велес

Работнички својот натпревар како домаќин на првиот четвртфинален меч од Купот на Македонија против Силекс ќе ги одигра в среда, со почеток од 13 часот, во Велес. Поради лошата состојба на теренот на арената „Филип Втори“, на клубот му е сугерирано да побара нов стадион каде ќе го одигра овој натпревар како домаќин, а изборот е стадионот во Велес.

„Одлучивме да бидеме домаќини во Велес, откако сме известени дека состојбата на теренот на арената „Филип Втори“ е алармантна. Со оглед на тоа што и останатите терени во Скопје веќе беа зафатени со натпревари од четвртфиналето во Купот, се одлучивме пресметката со кратовци да ја играме во Велес“, вели генералниот секретар на клубот, Ненад Монев.