shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Вујчиќ: Го респектираме Силекс, но одиме на победа во Кратово

Работнички денеска гостува во Кратово каде ќе ги одмери силите со Силекс. По двете победи над Младост Царев Двор, нашиот тим го ’прескокна’ токму Силекс на табелата и се искачи на третата позиција, па денешниот дуел (13 часот) ќе биде своевидна пресметка за тоа трето место.

Самодовербата кај „романтичарите“ откако се вратија во побенички ритам е многу поголема, а и тренерот Игор Ангеловски сега има многу поголем избор за составување на првите единаесетмина, со оглед дека кризата со повредите е надмината. Играчот за врска Стефан Вујчиќ најавува жесток меч и атака на трите бода во Кратово.

„Го респектираме Силекс, тоа е квалитетен тим, кој посебно добро игра на својот стадион во Кратово. Но, ние влеговме во посакуваниот ритам, тимот се консолидира по повредите што не мачеа и максимално сме мотивирани за нов успех. Знаеме дека не очекува тежок натпревар, но одиме во Кратово со намера да победиме. Ова е и своевидна борба за тоа трето место на табелата, а ние сакаме да ја задржиме таа позиција и, ако е можно, да се доближиме до водечките Вардар и Шкендија“, вели Вујчиќ.

Дуелот во Кратово се игра од 13 часот. Тоа е натпревар во рамките на 14.коло од Првата фудбалска лига на Македонија.