shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Иван Митров, нов член на Работнички

Во Работнички пристигна и второто засилување за следната сезона. Иван Митров, досегашниот фудбалер на Шкендија, му пристапи на клубот и потпиша договор за двегодишна соработка. Тој е второто засилување за нашиот клуб, откако претходно и Мирослав Јованоски од Тетекс се приклучи како ново засилување за составот на Игор Ангеловски.

„Потпишавме договор на две сезони со Иван Митров. Се работи за квалитетен фудбалер кој сигурно ќе ја зголеми конкуренцијата во нашиот тим. Работнички продолжува да работи според зацртаниот план, да ангажира млади квалитетни играчи во своите редови“, истакнува спортскиот директор Иван Поповски.