shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Куп-натпреварот Работнички – Шкупи ќе се одигра утре на теренот на ФФМ

Натпреварот од четвртфиналето на Купот на Македонија меѓу Работнички и Шкупи, кој денеска беше одложен поради лоши временски услови и премногу вода на теренот на стадионот СЦ „Борис Трајковски“, ќе се одигра утре, со почеток во 13 часот, на комплексот на ФФМ, без присуство на публика.

Лошите временски услови доведоа до одлука натпреварот да биде одложен за 24 часа и ќе се одигра на теренот на ФФМ.