shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Тодоровски: Секогаш респект за Вардар, но Работнички сака победа

Работнички во 11.коло од Првата фудбалска лига се среќава со Вардар. Натпреварот ќе се одигра утре, со почеток во 14 часот на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, а дуелот го најави младинскиот репрезентативец Димитар Тодоровски.

Тој и соиграчите ќе се обидат да стигнат до триумф против „црвено-црните“.

„Вардар е најтрофејниот македонски клуб и секогаш ќе имаме максимален респект за овој ривал. Градското дерби секогаш нуди голема борба и допадлив фудбал, така сигурно ќе биде и на утрешната пресметка. Ние сме максимално мотивирани и посакуваме победа. Ќе треба и да се потрудиме да ја оствариме на теренот“, изјави Димитар Тодоровски.

Натпреварот ќе го суди Игор Стојчевски од Скопје.