shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Ндерим Тефику ќе го суди мечот Брегалница – Работнички в сабота

Работнички во десеттото коло од Првата фудбалска лига в сабота (14 часот) гостува во Штип и ќе ги одмери силите со Брегалница. Одредени се официјалните лица за овој натпревар.

Главен судија ќе биде Ндерим Тефику од Куманово, а ќе му помагаат Петар Новачев (Велес) и Андреј Ќамилов (Велес). Четврта судијка е Ивана Пројковска (Скопје).

За делегат на натпреварот е одреден Берат Исмаили од Гостивар, а контролор на судењето ќе биде Благој Шуклев од Стојаково.