shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Куп: Работнички во финишот го скрши отпорот на Тетекс (0-3)

Работнички се пласира во осминафиналето на Купот на Македонија, откако на гости во Тетово го совлада Тетекс со 0-3. На игралиштето на АМС во Тетово, домаќинот се држеше добро до финишот, а потоа Работнички постигна три гола.

Атдхе Мазари во 87.минута го постигна голот за водство на Работнички од 0-1, откако шутираше откосо од левата страна и погоди во спротивниот агол од голот на Тетекс.

Марселин Гандо Биала во 90.минута постигна втор гол за Работнички, а во судиското продолжение и Георг Стојановски ја затресе противничката мрежа за конечни 0-3.

Следен предизвик за тимот на Милан Илиевски е првенственото гостување кај шампионот Струга Трим Лум претстојниот викенд.