shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Милан Илиевски: За триумфот се заслужни фудбалерите, сега се фокусираме на Купот

Работнички ја оствари третата победа во Првата фудбалска лига откако ја совлада Воска Спорт со 2-0 на арената „Тодор Проески“. Тренерот Милан Илиевски е задоволен од резултатот, иако смета дека сѐ уште постои простор за значаен напредок кога е играта во прашање.

„По подолг период се вративме како домаќини на арената „Тодор Проески“ и веднаш беше видливо дека фудбалерите тука се чувствуваат најкомфорно. Тие се заслужни за успехот, го испочитуваа тоа што го побаравме од нив. Видливо е дека тимот функционира сѐ подобро, ова лето донесовме неколку нови фудбалери и се гледа значително подобрување на воиграноста. Среќни сме за триумфот и трите бода, но сега веднаш го ставаме фокусот на следниот предизвик. Веќе в среда нѐ очекува натпревар во Купот против Тетекс на кој мораме да му пријдеме со максимален фокус. Знаеме дека се игра еден натпревар и затоа мораме да бидеме внимателни. Некои фудбалери можеби ќе добијат одмор, но очекувам сите кои ќе имаат шанса да ја искористат и да ја оствариме целта“, вели шефот на стручниот штаб, Милан Илиевски.

Натпреварот од 1/16 – финалето на Купот на Македонија меѓу Тетекс и Работнички е закажан за в среда, со почеток во 15 часот.