shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Реми без голови против Брера во Струмица

Работнички ремизираше без голови против Брера на гостувањето во Струмица во шестото коло од Првата фудбалска лига. По двата порази во низа, тимот на Милан Илиевски успеа делумно да се рехабилитира и да освои еден бод.

Немаше многу шанси на дуелот во Струмица. Мазари се закани со два удари од работ на шеснаесетникот, но голманот Алчевски беше сигурен.

Врдољак од слободен удар ја погоди гредата, а убава можност не реалзираше Ване Крстевски.

Во второто полувреме, Петар Петковски можеше да донесе водство за Работнички, но со удар со глава го погоди дирекот, а најубавата шанса за Брера ја имаше Димитар Трајков, кој изведе атрактивен удар со ножички, но Игор Алексовски го одбрани.

По репрезентативната пауза, Работнички во седмото коло на домашен треен ја пречекува Воска Спорт.