shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Игор Алексовски повикан во А-тимот, Тодоровски, Ангелов и Деспотовски во У21

Голманот на Работнички, Игор Алексовски, доби повик од селекторот Благоја Милевски во А-репрезентацијата на Македонија за претстојните квалификациски натпревари против Италија (9.септември) и против Малта (12.септември).

Работнички има тројца свои фудбалери и во младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година.

Селекторот Драган Канатларовски ги повика Димитар Тодоровски, Матеј Ангелов и Стефан Деспотовски во селекцијата до 21 година за натпреварите против Шведска (8.септември) и против Холандија (12.септември).