shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Мурати: Работнички оди на три бода против Шкендија

Работнички утре го пречекува тимот на Шкендија во петтото коло од Првата фудбалска лига. Мечот е закажан за 16 часот, на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари.

Шкендија има максимален ефект во досегашниот ефект од шампионатот, а Работнички сака да се рехабилитира по поразот од Гостивар во минатото коло.

Мевљан Мурати дојде во Работнички токму од Шкендија и вели дека тој и соиграчите ќе сторат сѐ за да освојат три бода на утрешната пресметка.

„Шкендија е квалитетен тим, имаат добар ритам, но и ние веруваме во своите квалитети. Имаме распект за ривалот, но сигурно дека ќе атакуваме на трите бода. Ако бидеме на вистинското ниво, мислам дека можеме да ја оствариме целта“, изјави Мевљан Мурати.

Натпреварот меѓу Работнички и Шкендија ќе го суди Стојанче Трпчевски од Кавадарци.