shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Крсте Велкоски: Најважно е Работнички да победува

Крсте Велкоски беше човек на одлука за триумфот на Работнички против Македонија ЃП во неделата (1-0) на стадионот „Борис Трајковски“. Во 21.минута изведе слободен удар и успеа да ја затресе мрежата на Стевковски. На крајот, тоа се покажа како пресуден момент за триумф и три бода за нашиот тим.

Но, нема многу време за славење, затоа што веќе утре следи ново првенствено искушение. Работнички му гостува на новиот прволигаш Гостивар.

„Драго ми е што ја отворив сезоната, секој гол ми е драг, но најважно е сепак Работнички да победи. Во неделата се споија тие две работи. Се надевам дека ќе продолжиме со успешни резултати веќе утре, со оглед дека нѐ очекува нов натпревар, на гости кај Гостивар. Одиме да се надигруваме, го респектираме противникот, но се надеваме дека на крајот ние ќе се радуваме на нови бодови“, вели капитенот Крсте Велкоски.

Натпреварот меѓу Гостивар и Работнички е закажан за утре, со почеток во 16.30 часот, на Градскиот стадион во Гостивар.