shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Магија на Крсте Велкоски за триумф (1-0) против Македонија ЃП

Работнички ја оствари втората победа оваа сезона, откако славеше против Македонија ЃП со 1-0 на стадионот „Борис Трајковски“. Првата шанса ја имаше Петар Петковски, но од изгледна позиција шутираше над голот.

Во 22.минута, Крсте Велкоски покажа дел од својот магичен репертоар. Успеа да го совлада Христијан Стевковски од слободен удар и донесе предност.

Македонија ЃП тргна по израмнување во второто полувреме. Имаше неколку шанси, но, сепак, мрежата на Игор Алексовски остана мирна. Гостите двапати го погодија дирекот од голот на Работнички, но трите бода останаа за тимот на Милан Илиевски.

По две кола, Работнички со шест бода се наоѓа на четвртата позиција на табелата во Првата лига.