shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Георг Стојановски: Поубаво деби за Работнички не можев да посакам

Работнички успешно го стартуваше шампионатот со триумф (3-1) над Шкупи. Во решавачките моменти од дуелот блесна младиот напаѓач Георг Стојановски, кој своето деби го разубави со гол и изнуден пенал.

Во 81.минута, над Георг беше досуден пенал поради груб старт во шеснаесетникот, а во гол го претвори Мевљан Мурати. Во судиското продолжение, Георг Стојановски и самиот се запиша во листата на стрелците за потврда на триумфот против Шкупи.

„Поубаво деби во дресот на Работнички не можев ниту да посакам. Среќен сум пред сѐ поради победата на тимот, а и затоа што јас директно придонесов за успехот. Се разбира, сакам да се заблагодарам и на шефот Милан Илиевски за укажаната доверба, а ништо во фудбалот не може да се реализира и без соиграчите. Во Работнички дојдов ова лето, одлично сум прифатен, се чувствувам како дома и сите функционираме како едно големо семејство. Се надевам дека ќе продолжиме со успеси и на наредните натпревари“, вели Георг Стојановски.

Следен предизвик за Работнички ќе биде гостувањето во Кратово и дуелот против Силекс в недела, со почеток во 17 часот.