shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Пораз од Аждод (2-4)

Работнички го одигра првиот пријателски натпревар на подготовките во Словенија и доживеа пораз (2-4) од израелскиот прволигаш Аждод.

Првото полувреме мина во знакот на Аждод. Ојлеви беше главен реализатор на противничкиот тим и постигна гол за водство од 0-1 на одморот, а потоа продолжи до хет-трик.

Никола Манојлов во 84.минута го постигна првиот гол за Работнички, а потоа одговори и Аждод преку Абарџил.

Во 89.минута, Мевљан Мурати реализираше пенал и го постави конечниот резултат.

Следниот тест на нашиот тим е на 22 јули против словенечкиот второлигаш Бриње.