shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички ги стартуваше подготовките за новата сезона

Шефот на стручниот штаб Милан Илиевски денеска го одржа првиот тренинг, со што ФК Работнички означи старт на подготовките за новата сезона. Првата фаза ќе биде реализирана во Скопје, а потоа тимот ќе замине на подготовки во Словенија, каде ќе одигра четири пријателски натпревари.

На првиот тренинг се појавија и двете нови засилувања, Мевљан Мурати и Петар Петковски. Раководството на клубот ќе работи на ангажман на уште неколку нови фудбалери.

Има промени и во стручниот штаб на Милан Илиевски. Приклучени се Златко Таневски и Матеј Миленков, кој ќе работи со голманите.