shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Пораз (0-1) од Брегалница

Работнички доживеа пораз (0-1) на домашен терен од Брегалница во 20.коло од Првата фудбалска лига. По ова, Работнички се наоѓа на осмата позиција на табелата со 21 освоен бод.

Брегалница поведе раноп, уште во четвртата минута, откако Иван Николов добро се снајде во петерецот по уфрлувањето од десната страна.

Работнички имаше неколку одлични шанси за израмнување, но ефикасноста затаи.

Во 41.минута, Матеј Ангелов упати силен удар од 25 метри и го погоди дирекот од голот на Брегалница.

Во вториот дел, убави можности имаа и Кире Маркоски и Анес Рушевиќ.

Маркоски не успеа да погоди од десетина метри и шутираше над голот, а шутот на Рушевиќ го одбрани противничкиот голман Шчекиќ.

Во последните мигови од натпреварот, Брегалница имаше шанса за втор гол, но Игор Алековски со две неверојатни интервенции го спаси својот гол.