shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички елиминиран од Струга ТЛ во Купот

Работнички доживеа елиминација во осминафиналето на Купот на Македонија откако загуби од Струга Трим Лум со 2-1. Тимот на Милан Илиевски на крајот остана со двајца фудбалери помалку, а имаше водство од 14.минута со голот од пенал на Крсте Велкоски.

Одлично парираа фудбалерите на Работнички до 70.минута. Тогаш беше досуден пенал за Струга Трим Лум, Работнички остана со фудбалер помалку, а Бесарт

Ибраими не реализираше откако го погоди дирекот од голот на Игор Алексовски.

Сепак, во 76.минута, Христијан Малески успеа да го израмни резултатот.

Шест минути подоцна Валентин Кочоски со многу среќа, откако топката по неговиот шут се одби од блокот, ја погоди мрежата за целосен пресврт.

Во судиското продолжение црвен картон доби и Бошковски.