shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Горан Станковски не е веќе спортски директор на ФК Работнички

ФК Работнички информира дека со меѓусебен договор ја прекина соработката со Горан Станковски кој ја извршуваше функцијата спортски директор на клубот.

„Му се заблагодаруваме на Горан Станковски за професионалниот однос и напорната работа во клубот во изминатиот период. ФК Работнички му посакува многу успех во натамошниот дел од кариерата“, изјави претседателот Драган Поповски.