shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Димитар Пилешков ќе го суди мечот Работнички – Академија Пандев

Работнички в недела (17 часот) на арената „Тодор Проески“ ќе го пречека тимот на Академија Пандев во второто коло од Првата фудбалска лига на Македонија. Одредени се официјалните лица за овој натпревар.

Главен судија ќе биде Димитар Пилешков од Штип, а ќе му помагаат Слаѓан Маркоски (Гостивар) и Кристијан Џонов (Штип). Четврти судија е Стојанче Стојанов (Штип).

За делегат на натпреварот е одреден Драган Јорданов (Велес), а контролор на судењето ќе биде Зоран Петковски (Велес).