shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Димитриј Поповски опериран, предвреме ја завршува сезоната

Левиот бек Димитриј Поповски предвреме ја завршува сезоната. Тој имаше хируршка интервенција на слепо црево во Клиничкиот центар во Скопје и деновиве ќе биде пуштен на домашно лекување. Со оглед дека е финиш на првенството, тој предвреме ја завршува сезоната.

Сепак, најважно е младиот фудбалер комплетно да се опорави и да биде подготвен за предизвиците на стартот на следната натпреварувачка сезона.

Работнички в петок го пречекува ФК Скопје во натпревар од 29.коло на Првата фудбалска лига.