shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Пораз (1-0) на гостувањето во Ѓорче Петров

Работнички загуби минимално (1-0) од Македонија ЃП на натпреварот од 28 коло во Првата фудбалска лига. Стрелец на единствениот гол на дуелот беше Сефер Емини во 12.минута. По овој пораз, Работнички се наоѓа на седмата позиција на табелата со 37 бода.

Македонија ЃП поведе во првата посериозна можност. Сефер Емини одзеде топка од Зејнулаи, влезе во шеснаесетникот и со силен удар го совлада Мустафа. Работнички се обиде преку Рушевиќ и Зејнулаи да возврати, но без ефект.

Сефер Емини беше најдобриот играч во домашниот тим, а на почетокот на второто полувреме ја погоди стативата од голот на Мустафа.

Се закани потоа и Воша, но Мустафа беше на вистинското место.

Во финишот, малку недостигаше Работнички да дојде до израмнување преку Марјан Ристивски. Сепак, бодовите останаа за домашниот тим.

МАКЕДОНИЈА ЃП – РАБОТНИЧКИ 1-0 (1-0)

Стадион во Ѓорче Петров. Судија: Димитар Пилешков (Штип). Стрелец: Емини 12′ (Македонија ЃП). Ж. картони: Атанасоски, Лемос (Македонија ЃП), Ристовски (Работнички).

МАКЕДОНИЈА ЃП: Стевковски, Лазаревиќ, Мишевски, Личина, Атанаскоски, Емини, Адем, Стојкоски (90′ Абази), Воша (82′ Фазлиу), Алексовски (88′ Божиновски), Купер (46′ Лемос).

РАБОТНИЧКИ: Мустафа, Илиевски (82′ Родригез), Рашо, Ѓорѓевиќ, Аломеровиќ, Гоес (64′ Кутсија), Зејнулаи, Ристовски, Максимов, Станковски, Рушевиќ (64′ Тодоровски).