shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Александар Грујоски ќе го суди мечот Работнички – Шкупи в недела

Работнички во 20.коло од Првата фудбалска лига ќе биде домаќин на Шкупи. Натпреварот ќе се одигра в недела, со почеток во 14 часот на арената „Тодор Проески“, а одредени се и официјалните лица.

Главен судија на натпреварот ќе биде Александар Грујоски од Кичево, а ќе му помагаат Дејан Костадинов (Скопје) и Гоце Петрески (Скопје). Четврти судија е Фуркан Идризи од Тетово.

За делегат на натпреварот е одреден Кочо Зердески од Кичево, а контролор на судењето ќе биде Алиларџан Хаџипази од Гостивар.