shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Раков откажа, Работнички ќе тестира против Лвов

Полскиот прволигаш Раков го откажа планираниот пријателски натпревар против Работнички на зимските подготовки во Анталија. Нашиот клуб веднаш успеа да закаже нова контрола.

Првиот тест за Работнички на подготовките во Анталија ќе биде против украинскиот тим Лвов, на 24. јануари, со почеток во 15 часот. Натпреварот е закажан на терените на Аркадија Спорт во Белек, Анталија.