shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Јован Качевски ќе го суди мечот Брегалница – Работнички в среда во Штип

Работнички ќе гостува на Брегалница в среда во Штип, во дуелот од 17.коло во Првата фудбалска лига. Одредени се официјалните лица за овој натпревар.

Главен судија на мечот ќе биде Јован Качевски од Струга, а ќе му помагаат Разме Бакрачески (Струга) и Зоран Јанкуловски (Кичево). Четврти судија ќе биде Марјан Дејаноски од Кичево.

За делегат на натпреварот е одреден Благоја Гешоски од Прилеп, а контролор на судењето ќе биде Делчо Јакимовски од Скопје.