shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички загуби од Пелистер на пенали во Купот на Македонија

Работнички доживеа елиминација во осминафиналето на Купот на Македонија. На гостувањето во Битола, тимот на Александар Влахо одигра без голови во регуларниот тек, а по изведување пенали загуби (5-4). Единствен кој беше неуспешен при изведување на ударите од белата точка беше Ламин Дарбо во четвртата серија.

Работнички беше подобар противник во регуларниот тек од натпреварот, но, сепак, не успеа тоа и да го материјализира. Дин Аломеровиќ и Марио Станковски се заканија во првото полувреме, но без ефект, а во вториот дел и Лука Станковски се обиде со удар од далечина , но беше за малку непрецизен.

При изведувањето на пенали, Ламин Дарбо не успеа да го реализира ударот од 11 метри, Пелистер тоа знаеше да го искористи, домашните фудбалери постигнаа погодок во сите пет серии и на крајот славеа со 5-4.