shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички поразен од Македонија ЃП на тестот во Ѓорче Петров

Работнички загуби со 3-1 од Македонија ЃП на пријателскиот натпревар што се одигра на стадионот во Ѓорче Петров.

Првиот гол за домаќинот го постигна Балша Бановиќ во 22.минута, Драган Стојков си постигна автогол во 67.минута, а погодокот на Работнички беше дело на Бујар Хајдари во 78.минута. Конечниот епилог го постави Камара во 89.минута.

Тренерот Александар Влахо го почна мечот со следниот состав: Јанков, Илиевски, Кировски, Османоски, Максимов, Ристовски, Лазаров, Тодоровски, Стојкоски, Тантуровски, Станковски. Уште играа: Мустафа, Исак, Мисердовски, Сухељ, Стојков, Бафтијар, Хајдари, Вецески.

Следниот пријателски натпревар на Работнички е в среда против Тиквеш во Кавадарци.