shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички со еден репрезентативец во А-тимот и тројца во У21

Работнички има четворица репрезентативци за претстојните акции на националните тимови на Македонија. Во А-репрезентацијата е повикан голманот Ристе Јанков, додека во младата фудбалска репрезентација до 21 година Работнички има тројца претставници. Тоа се Лука Станковски, Димитар Тодоровски и Методи Максимов.

А-тимот на Македонија ги почнува квалификациите за Светското првенство 2022 во Катар, а националниот тим го очекуваат натпревари против Романија (25. март), Лихтенштајн (28. март) и против Германија (31. март).

Младата фудбалска репрезентација до 21 година заминува за Анталија каде што во периодот до 29. март ќе одигра три контролни натпревари, против Казахстан (24. март), Словачка (27. март) и Бугарија (29. март).