shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Голем триумф против Шкупи (0-2)

Работнички оствари голема победа над Шкупи во 22.коло од Првата фудбалска лига. Тимот на Александар Влахо прикажа одлична игра и славеше триумф од 0-2. Кристијан Стојкоски и Никола Прелчец беа стрелци на головите.
Во првите десетина минути Работнички ја обезбеди предноста на овој меч. На самиот почеток, во првиот напад, одличната пресинг – игра даде резултат, голманот на Шкупи, Кристијан Наумовски ја загуби топката, а во продолжението од акцијата Кристијан Стојкоски успеа да ја затресе мрежата на тимот од Чаир.

Работнички продолжи агресивно и офанзивно и по постигнатиот гол. Во деветтата минута, Кристијан Стојкоски изведе слободен удар, нафрли во шеснаесетникот, а Никола Прелчец со извонреден шут со глава ја смести топката каде што посакуваше. Нашиот тим поведе со 0-2.

Прелчец е гладен за голови, се одлучи на удар од 25 метри во средината на првиот дел, а Кристијан Наумовски имаше среќа зошто топката го погоди само дирекот.

Во финишот на првото полувреме, Димитар Тодоровски имаше колосална можност за 0-3 откако Стојкоски во противнапад му подготви да излезе сам пред протовничкиот голман, но Наумовски спаси со нога. Претходно, Ристе Јанков имаше одлична интервенција по шансата на Нето.

Во вториот дел, Цветаноски се обиде да намали, но не беше прецизен, а на спротивната страна Лука Станковски, Марио Станковски, Петар Петковски имаа шанси и за трет погодок за Работнички.

Голем триумф за продолжување на одличната пролетна серија и за петто место на табелата со 32 бода по заокружување на вториот круг од првенството.

ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ 0-2 (0-2)

Стадион на ФФМ. Судија: Александар Ставрев (Скопје). Стрелци: Стојкоски 1’, Прелчец 9’ (Работнички). Ж. картони: Билали, Бериша (Шкупи), Силјановски, Ѓорѓевиќ, Јевтоски, Максимов (Работнички).

ШКУПИ: Наумовски, Руатубјаје, Глигоров, Кривањева, Билали, Нето, Исени (46’ Сенгор), Бериша (61’ Трапановски), Алварез, Региналдо, Цветановски (71’ Адеми).

РАБОТНИЧКИ: Јанков, Ристески, Грозданоски, Ѓорѓевиќ, Силјановски, Тодоровски (58’ Јевтоски), Максимов, Ристовски, Л. Станковски, Стојкоски (86’ Петковски), Прелчец (75’ М. Станковски).