shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички поразен од репрезентацијата на Македонија на тестот во Скопје

Работнички одигра пријателски натпревар со фудбалската репрезентација на Македонија на комплексот на ФФМ и загуби со 2-0. Беше тоа одличен тест на формата за тимот на Александар Влахо кој ги немаше на располагање голманот Ристе Јанков и играчот за врска Лука Станковски. Тие овојпат беа во изборот на селекторот Игор Ангеловски за мини кампот на националниот тим.


Фудбалската репрезентација на Македонија поведе со голот на Љупчо Дориев во 15.минута. Вториот погодок беше дело на Фатих Исмаили во 65.минута од дуелот.


Тренерот Александар Влахо им даде шанса на сите фудбалери, а Работнички и покрај поразот беше рамноправен спаринг партнер на националниот тим.


Репрезентација на Македонија: Захов, Китановски, Манев, Личина, Ашковски, Тотре, Радески, Стоилов, Дориев, Д. Елези, Цветаноски. Играа уште: Јанков, Тимовски, Шеји, Исмаили, А. Елези, Адем, Станковски, Ѓорѓиевски, Ибиши.

Работнички: Мустафа, Ристески, Кировски, Ѓорѓевиќ, Пецов, Стојков, Тодоровски, Ристовски, Стојкоски, Ѓурѓевиќ, Станковски. Играа уште: Герасимовски, Зекири, Зука, Лазаров, Ангелов, Рушту, Максимов, Петковски, Јевтоски, Прелчец.