shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Реми (1-1) против Тиквеш на последната контрола пред стартот на пролетта

Работнички ремизираше (1-1) против второлигашот Тиквеш во последниот пријателски натпревар пред стартот на пролетниот дел од првенството. Избраниците на Александар Влахо имаа одлична контрола на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари пред гостувањето во Струмица следниот викенд и првиот пролетен натпревар од шампионатот против Академија Пандев.

Тиквеш поведе рано, во шестата минута од натпреварот. По корнер, во продолжение од акцијата најдобро се снајде Петар Љамчевски и успеа да ја затресе мрежата на Ристе Јанков. Но, Работнички веднаш тргна по израмнување, шанса имаше Петар Петковски, потоа се закани и Никола Прелчец, и новото засилување успеа да погоди со удар од далечина во 23.минута.

Пред крајот на првиот дел Симеон Христов излезе сам пред Јанков, но голманот на Работнички со одлична интервенција го спаси голот.

Во вториот дел, Работнички беше поактивен, убави шанси имаа Фахрудин Ѓурѓевиќ и Никола Прелчец, се обиде и Максимов, но до крајот сепак остана 1-1.

Тренерот Александар Влахо го стартуваше натпреварот со следниот тим: Јанков, Силјановски, Грозданоски, Ѓорѓевиќ, Зука, Јевтовски, Стојков, Стојкоски, Л. Станковски, Прелчец, Петковски. Уште играа: Ристески, Тодоровски, Максимов, Ѓурѓевиќ, Пецов.