shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Реми без голови против Струга Трим Лум на четвртиот тест

Работнички одигра реми без голови на четвртиот натпревар од зимските подготовки. Противник беше Струга Трим Лум, а тимот на Александар Влахо одигра квалитетно, но не успеа да ја затресе мрежата на стружани. Овој дуел наликуваше на вистински првенствен натпревар, со многу желба и жар во играта.

Ѓурѓевиќ во првиот дел се закани кон голот на стружани, но не успеа да погоди на вистинското место, се обидоа и Петковски и Стојкоски во второто полувреме. Сепак, мрежите останаа да мируваат.

Струга Трим Лум имаше сериозна шанса за водство пред крајот на мечот, но одбраната на Работнички успеа да расчисти во последен момент.

На денешниот меч дебито за Работнички го имаше и најновото засилување Никола Прелчец, кој вчера потпиша договор и се приклучи на подготовките во Охрид.

Тренерот Александар Влахо го стартуваше мечот со следиот состав: Јанков, Грозданоски, Кировски, Ѓорѓевиќ, Силјановски, Стојков, Јевтовски, Зука, Лука Станковски, Марио Станковски, Ѓурѓевиќ. Уште играа: Мустафа, Петковски, Стојкоски, Ристовски, Прелчец, Тодоровски, Максимов, Лазаров.