shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Боби Величков ќе го суди мечот Работнички – Академија Пандев

Работнички в сабота (15 часот) на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари ќе го пречека составот на Академија Пандев во рамките на осмото коло од Првата фудбалска лига. Одредени се официјалните лица за овој натпревар.

Боби Величков од Велес ќе биде главен судија на мечот, а ќе му помагаат Тоше Ицев (Кавадарци) и Драган Трпчевски (Кавадарци). Четврти судија ќе биде Игор Иванов (Велес).

Делегат на натпреварот е Егзон Османи од Тетово, а контролор на судењето ќе биде Петре Илиоски од Прилеп.