shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Сите тестови на Работнички на Covid-19 се негативни, тимот продолжува со тренинзи

ФК Работнички продолжува со активности откако резултатите од тестирањето на Covid-19 покажаа дека сите тестирани се негативни. По извршените тестови, фудбалерите и стручниот штаб можат слободно да ги извршуваат своите работни задачи. Активностите продолжуваат со почитување на протоколите и тренинзи во мали групи.

Во наредниот период ФК Работнички очекува комплетирање на стручниот штаб и на играчкиот погон со тренерот Ратко Достаниќ и со Драшко Ѓорѓевиќ кои заминаа во родната земја за време на пандемијата со коронавирусот.