shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

ФФМ донесе одлука за прекин на првенството на неопределено време

Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука за прекин на првенството во Првата лига на неодредено време. По 23 кола, Работнички се наоѓа на осмата позиција на табелата со 28 бода. Во соопштението на ФФМ се вели:

Натпреварувачката комисија во рамки на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука за прекин на неодредено време на Националниот шампионат од Прва и Втора МФЛ, потоа Третите лиги од МФЛ, како и натпреварите од женскиот шампионат и првенството во футсал.

Одлуката е донесена по последните препораки и забрани од Министерството за здравство за превенција од вирусот COVID – 19, кои опфаќаат забрана на сите јавни и приватни собири, без разлика на обемот и бројката на учесници – концерти, театри, кина, спортски сали, теретани.

Претходно, согласно препораките и забраните од Владата на Македонија за превенција од вирусот COVID – 19 , Комисијата за младински фудбал донесе одлука сите натпревари од младите категории и натпреварите од Детските лиги на ФФМ да се суспендираат во наредните две седмици.