shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Реми (1-1) против Шкендија во првиот четвртфинален меч од Купот

Работнички одигра 1-1 против Шкендија во Тетово во првиот четвртфинален натпревар од Купот на Македонија. Ова е позитивен исход за составот на Марјанчо Андрески пред реваншот што ќе се игра во Скопје.

Шкендија поведе во осмата минута со голот на Стенио Жуниор. Тотре нафрли од слободен удар, Радески ја врати топката со глава, а Жуниор со прецизен удар од десетина метри ја затресе мрежата на Работнички.

Нашиот тим дојде до израмнување по грешката на голманот на Шкендија, Костадин Захов. Акцијата ја следеше Драган Стојков кој ја одзема топката и потоа на лесен начин постигна погодок.

Во вториот дел, Шкендија имаше неколку можности, но Јанков имаше одлични интервенции. Во 90.минута, Работнички остана со играч помалку откако Себастијан Херера заработи втор жолт картон и беше исклучен.

Реваншот ќе се одигра на 4.март следната година на арената „Тодор Проески“ во Скопје.