shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Влахо: Пелистер секогаш е фудбалски предизвик, но ние имаме амбиции во Купот

Работнички утре (15.30 часот) ќе гостува под „Тумбе Кафе“ и ќе ги одмери силите со Пелистер во првиот меч од осминафиналето во Купот на Македонија. Тренерот Александар Влахо вели дека гостувањето во Битола секогаш е фудбалски предизвик, со оглед на клупското реноме на Пелистер, но се надева дека неговиот тим ќе оствари успех.

„Пелистер е бренд во македонскиот фудбал и без разлика што сега е второлигаш, дуелот против битолскиот тим за Работнички е предизвик. Го респектираме противникот, но ние имаме големи амбиции во куп-натпреварувањето и ќе сториме се да за извлечеме позитивен резултат во Битола. Со оглед дека влеговме во ритам на натпревари недела – среда – недела, ќе се обидеме да одмориме дел од фудбалерите и да внесеме свежина во тимот. Сепак, нашата цел е јасна, да оствариме позитивен резултат“, вели шефот на стручниот штаб, Александар Влахо.

Првиот осминафинален натпревар од Купот на Македонија меѓу Пелистер и Работнички ќе го суди Марјан Стојановски од Кичево.