shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Шишковски: Можеме да ја изненадиме Шкендија

Репрезентативната пауза заврши, а Работнички в сабота го очекува голем предизвик, гостување кај актуелниот шампион Шкендија. Голманот Дамјан Шишковски се приклучи на тимот по акцијата со националниот тим и се надева дека Работнички може да оствари позитивен резултат на ова тешко гостување.

„Шкендија е квалитетен тим, актуелен првак е иако не ја започна најдобро оваа сезона. Сигурно дека ќе сака брзо да го подобри пласманот. Но, и ние имаме свои планови и се надеваме дека ќе успееме да оствариме позитивен резултат“, вели Дамјан Шишковски.

Натпреварот меѓу Шкендија и Работнички ќе се одигра в сабота, со почеток во 15 часот на Градскиот стадион во Тетово, а ќе го суди Дејан Јакимовски од Скопје. Ќе му помагаат Куштрим Лика (Кичево) и Дејан Василевски (Скопје). Четврти судија е Марјан Стојановски од Кичево.

За делегат на натпреварот е одреден Благојче Ангелевски од Битола, а контролор на судењето ќе биде Ванчо Костенчев од Скопје.