shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Влахо: Подобра реализација и дојде победата

Работнички ја оствари првата победа во новата сезона од Првата лига, совладувајќи го Шкупи со 2-0 во второто коло. На домашен терен, тимот на Александар Влахо одигра квалитетен натпревар, го подобри нивото на реализација на шансите и стигна до заслужен триумф. Сега следи обврска во Купот на Македонија и дуел со Велазерими на гости в среда, а потоа и градското дерби против Вардар во третото коло од шампионатот.

„Задоволен сум и од играта и од резултатот. Честитки за фудбалерите, ги исполнија во целост тактичките задачи кои ги договоривме пред дуелот со Шкупи. Победивме квалитетен тим, а значително на овој меч ја подобривме реализацијата, она што ни недостигаше на премиерата против Струга Трим Лум. Сега не очекува нова обврска, куп – натпревар против Велазерими в среда и веднаш се фокусираме на следниот предизвик. Верувам дека на следните натпревари ќе бидеме уште подобри“, вели шефот на стручниот штаб, Александар Влахо.