shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички подобар од израелскиот тим Хапоел Нир Рамат Хашарон

Работнички оствари триумф на првиот пријателски натпревар на подготовките во Банско, Бугарија. Нашиот тим славеше со 1-0 против израелскиот тим Хапоел Нир Рамат Хашарон.

Стрелец на победничкиот погодок за Работнички беше Марио Станковски на асистенција на Бразилецот Јаго во 60.минута од средбата. До крајот на мечот, Работнички имаше неколку изгледни шанси и за втор погодок, но реализацијата изостана.

Следниот пријателски натпревар на Работнички е закажан за 24 јули, со почеток во 18.30 часот, против израелскиот тим Хапоел Рамат Ган.