shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Бразилецот Јаго Гомес, ново засилување за Работнички

Бразилскиот интернационалец Јаго Виторино Силва Гомес е ново засилување на Работнички за претстојната сезона. Тој потпиша едногодишен договор со нашиот клуб, со опција за продолжување на соработката за уште една дополнителна сезона. Јаго Гомес пристигна во Скопје и веќе му се стави на располагање на шефот на стручниот штаб Александар Влахо во тренажниот процес.

Тој ќе ја засили конкуренцијата во нападот. Јаго Гомес има 26 години, игра како класичен напаѓач, а може да одговори на задачите и на десната крилна позиција. Доаѓа од португалскиот третолигаш Армасененсес, каде минатата сезона одиграл 35 натпревари и постигнал 11 гола. Младинските категории ги минал во школата на Фламенго, а потоа кариерата ја гради во Португалија, во клубовите Фаренсе, Лулетано, Лагоа, Фаро, Луситано и Армасененсес.