shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички, шампион на Македонија во генерација 2004’

Младите фудбалери на Работнички родени 2004 година станаа шампиони на Македонија во својата возрасна категорија. Тимот што го предводи Вангел Алтпармаковски освои 44 бода во првенството и мина прв низ целта, со два позитива во однос на Шкендија. На третата позиција заврши тимот на Вардар.

Младите „романтичари“ остварија 14 победи, имаа две нерешени средби и само два порази во текот на првенството.